Муслиманите на Балканот и во Европа оваа година ќе го започнат тридневното празнување на Курбан Бајрам во различни времиња – 25 и 26 октомври, поради конфликтни толкувања на Турција и Саудиска Арабија.
Првиот ден на Курбан Бајрам, кај нас во Македонија ќе биде на 25 октомври, четврток и е неработен ден за верниците од исламската вероисповед, додека во повеќето земји од арапскиот свет празникот ќе го пречекаат во петок.
Според Календарот на Исламската заедница и во Босна и Херцеговина, во четврток треба да биде Курбан Бајрам.
Професорот Мустафа Сушиќ, во интервјуто за “Дневни аваз” тврди дека пресметките се такви и нема потреба да се држиме до арапскиот свет.
Аџиите на Арафат ќе бида в четврток, 25 октомври, што значи Бајрам е наредниот ден, петок, 26 октомври, според Саудиска Арабија, кадешто е и центарот на исламот.
„Не постои религиозна причина за нас да се прилагодуваме на нив. Тоа е чиста политика. Ние сите знаеме дека беше одлучено Турците и муслиманите од евроазиски држави да имаат посебен календар. Според тој календар, првиот ден од Бајрам е во четвртокот, 25 октомври. Одлуката е донесена пред четири години, а ние треба да ја почитуваме“, објасни Сушиќ.
„Муслиманите од светот не одат на аџилак, во Сараево, Белград, Скопје, Приштина, Анкара, Истанбул, Њујорк! Мека е местото каде што е срцето на исламот, таму се вршат обредите и таму е местот кое треба да го земеме примерот и кога е во Мека Бајрам треба да е и кај сите нас”, рече српскиот муфтија Јусуфспахиќ.
Реисот на исламската заедница на БиХ Мустафа Цериќ е лут заради несогласувањата на Турција и Саудиска Арабија и испрати писма до муфтиите на Саудиска Арабија и Турција, Абдулазиз ал Шејху и Мехмед Гормез во кое вели дека несогласувањата околу денот на Арафат и Курбан Бајрам донесуваат немири и голема душевна болка кај муслиманите ширум светот.