АБА ЛИГА: МЗТ тргнува од Љубљана

Од:

МЗТ Скопје Аеродром ќе ја започне новата сезона во АБА лигата со гостување во Љубљана против Унион Олимпија, беше одлучено со денешната жрепка на двојките за регионалното кошаркарско натпреварување.

На Собранието што се одржа во Подгорица исто така беше решено досегашните челници на компанијата „Сидро“, која што беше сопственик на АБА-лигата, да продолжат да раководат со истата, но со нови функции: Роман Лисац ќе биде задолжен за маркетинг, Радо Лорбек ќе биде директор на лигата, додека Јосип Билиќ ќе се грижи за спроведување на системот за натпреварување.

Унион Олимпија противникот на МЗТ сепак ќе ја започне лигата, откако му беше прогледано низ прсти и доби зелено светло за настап во АБА и покрај лошите резултати и слабиот пласман од минатата сезона.

Дуелот со Олимпија на програмата ќе биде на 1 октомври, а „металците“ првиот домашен натпревар ќе го играат против Металац Ваљево на 4 октомври. Во третото коло ќе следи првото гостување во Белград против екипата на Партизан.

Би можело да ве интересира

Општина Аеродром до сите љубители на спортот: Влезот е бесплатен, дојдете заедно да ги бодриме кошаркарите на МЗТ Скопје Аеродром

Ана Ололовска

„Адмирал“ партнер на македонскиот спорт

Ана Ололовска

Илиевски: Честитки за Борац, повредите и загубените топки не чинеа пораз

Ана Ололовска

МЗТ Скопје Аеродром казнет со 300.000 денари, клупскиот директор со двегодишна суспензија

Ана Ололовска

Победнички старт на МЗТ Скопје Аеродром во АБА 2 лигата

А1он

Шампионот МЗТ Скопје гостува во Битола во дербито на воведното кошаркарско коло

Ана Ололовска