Во седиштето на УЕФА во Нион точно на пладне ќе почне жрепката за двојките за третото квалификациско коло во Лигата на шампионите, а веќе се познати можните ривали на македонскиот првак Вардар доколку го мине АПОЕЛ.
Вардар ќе ги избегне големите фаворити како што се Базел, Салцбург, Селтик, Викторија Плзењ.
Потенцијални противници на Вардар се победниците од дуелите во втората рунда од следниве парови:
Хибернијанс (Малта) – Макаби Тел Авив (Израел) 2-1 – прв натпревар;
Малме (Шведска) – Жалгирис (Литванија) 0-0;
Молде (Норвешка) – Пјуник (Ерменија) 5-0;
Митјиланд (Данска) – Линколн (Гибралтар) 1-0;
ТНС (Велс) – Видеотон (Унгарија) 0-1.