Јунакот на Вардар, голамнот Томе Пачовски кој со неколкуте одлични одбрани го спаси македонскиот шампион од Пораз на гостувањето кај АПОЕЛ изјави дека е горд што му помогна на клубот да дојде до поволен резултат.
– Беше исклучително тежок натпревар. И поради временските услови и поради тоа што игравме против една силна екипа. Едноставно дадовме се од себе и тоа даде плод на крајот. Горд сум што успеав да одбранам неколку удари на противникот и да му донесам на Вардар позитивен резултат пред реваншот, рече Пачовски.
Вардаровиот чувар на мрежата се осврна и на провокациите на домашните навивачи.
– И покрај провокациите кои ги имавме од публиката, успеавме да оствариме добар резултат. Што се однесува до вториот меч, сметам дека ќе биде сега уште потешко. На вакви натпревари одлучува само еден момент. Мораме да бидеме уште подобри и се надевам дека ќе поминеме понатаму. Тоа го посакуваме, и верувам дека можеме, додаде Пачовски.
Вардар вчеравечер одигра 0:0 во Никозија против АПОЕЛ во првиот дуел од второто квалификациско коло за Лигата на шампионите.