(ВИДЕО) Заев: Баравме оставка од Груевски и ја добивме

Од:

Баравме оставки, ги добивме пред неколку месеци. Баравме оставка од Груевски, да не ги спроведува тој изборите, ја добивме оставката. Баравме преодна Влада, еве ја преодната Влада, којашто е гарантор на фер, слободни и демократски избори, изјави лидерот на СДСМ, Зоран Заев, по полноќ откако завршија разговорите во Пржино.

На прашања од новинарите Заев рече дека нема да се објавуваат нови „бомби“ туку дека материјалите кои ги поседува опозицијата ќе му бидат доставени на новиот јавен обвинител, кој ќе има автономни овластувања. Паралелно, преку собраниските комисии нивната содржина ќе биде достапна за јавноста.

Новиот јавен обвинител, рече Заев, ќе биде избран на 15-ти септември.

-Истрага за се што е поврзано со прислушувањето треба да отпочне новиот специјален обвинител со целосно автономни надлежности. Независен, нов специјален обвинител за сите истраги по сите предмети врзани со прислушувањето, вклучително и над се, оние поврзани со содржината на објавените разговори и материјалите коишто опозицијата ќе му ги предаде на истиот тој јавен обвинител – изјави тој.

Очекувањата на СДСМ, додаде, се дека периодот од 10 месеци до следните предвремени парламентарни избори, се доволен период за да се постигнат целите за демократизација кои ги зацрта опозицијата.

Заев потврди дека е договорено новиот премиер кој ќе биде избрана на 15-ти јануари, да биде предложен од ВМРО-ДПМНЕ, но потенцираше дека тоа треба да биде човек којшто не е инкриминиран согласно доказите коишто опозицијата ги објави.

Заев изјави дека на изминатите средби меѓу партиите биле апсолвирани прашањата за медиумите и за неколку државни институции. Разговорите продолжуваат меѓу работни групи на партиите во кои овие прашања треба да се дефинираат и официјализираат.

ZoranZaev1507slika2

-Се разговараше за МРТВ, за Агенцијата за аудио и аудио-визуелни медиумски услуги, за Антикорупциска комисија, за Управата за јавни приходи, за Бирото за јавна безбедност и други јавни институции. Но, најважно е сите овие препораки, согласно, пред се, на групата експерти предводени од Прибе, колку е можно побрзо да се имплементираат – порача тој.

Очите на јавноста, рече, треба да бидат вперени во извештајот на Прибе и high level accession дијалогот којшто се отвора по постигнатиот договор. Како што најави утринава еврокомесарот, Јоханес Хан, во план е наредната недела во Брисел да се оствари средба на високо ниво за овие прашања.

Заев негираше дека спорот за името бил дел од било која фаза во преговорите.

-Не постои никаде, ниту пак се разговараше на маса, дека таа преодна Влада би преговарала за името. Знаете дека, прво решавањето на спорот околу името не зависи само од Република Македонија, зависи и од Грција, ај да видиме дали се таму до крај решени работите. Второ, не знаеме целиот овој период што ќе биде испорачано пред нас – но вистината е таа, ниту се споменало, ниту се разговарало, во целиот овој неколкумесечен период на преговори, за проблемот околу името – рече.

ZoranZaev1507

На прашањето што го премисли премиерот да поднесе оставка иако тоа категорично го одбиваше изминатиот период, Заев рече дека најголема улога одиграл проектот „Вистината за Македонија“.

-Вистината за Македонија е толку силна од којашто бегање нема. Отворивме храбар и решителен проект, го нарековме „Вистината за Македонија“, проект којшто ја охрабри Македонија, да застане храбро на нозе, со силна верба кон добра иднина за нас и за нашите деца и внуци.

Би можело да ве интересира

Кузеска: За хаосот во Скопје најголема вина имаат Мицкоски и ДПМНЕ

СДСМ најостро го осудува палењето на возилото на претседателот на ОО Кривогаштани

Катерина Ѓуровски

Филипче: Да градиме мостови на разбирање и соработка

СДСМ: Власта на Мицкоски и ДПМНЕ не прифати покачување на платата на полицајците за 20 отсто

(ВИДЕО) Левица: ДПМНЕ предизвикувајќи тепачка избегна да одговори зошто не ја укина историската комисија

Лукаревска: ВМРО-ДПМНЕ го одби амандманот за зголемување на платите на пожарникарите

Горан Наумовски