Времето ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност и со слаб до умерен ветер од променлив правец. Попладне во планинските подрачја можен е локален краткотраен дожд.
Утринската температура ќе се движи во интервал од 8 до 18, а дневната од 29 до 36 степени. УВ ќе биде висок и ќе изнесува 8.
Во Скопје ќе преовладува сончево и топло време со мала до умерена облачност и слаб до умерен ветер претежно од северен правец. Утринската температура ќе се спушти до 13, а дневната ќе достигне до 33 степен.
Во следните два дена се очекува преодно наоблачување при што во планинските подрачја можен е локален краткотраен дожд. Во вторник ќе дува и умерен, на места повремено засилен северен ветер што ќе услови благо опаѓање на дневната температура, а од среда повторно ќе биде стабилно, суво и потопло со УВ 9.
