Македонската делегација, предводена од претседателот Ѓорге Иванов, која присуствуваше на комеморацијата по повод 20-годишнината од злосторството во Сребреница, била во непосредна близина на инцидентот, каде главна мета на насобрана група граѓани беше српскиот премиер Александар Вучиќ.
Извори од кабинетот на претседателот Иванов објаснуваат дека за малку е избегната поголема ескалација на ситуацијата, откако српскиот премиер Александар Вучиќ беше нападнат од насобраните граѓани, кои присуствуваа на комеморацијата по повод 20-годишнината од злосторството во Сребреница, во Босна и Херцеговина.
Од кабинетот на Иванов објаснуваат дека од организаторите на настанот била понудена негова евакуација, но македонскиот претседател останал до крајот на комеморацијата.