Груевски од Охрид ќе најави голема инвестиција?

Од:

Премиерот Никола Груевски од Охрид каде ќе престојува наредните два дена, според партиски извори ќе најави голема инвестиција наменета исклучиво за Охрид, дознава А1.

Инвестицијата која Груевски ќе ја обелодени во Охрид неофицијално е поврзана со најавите за инвестирање на индискиот милијардер и еден од најбогатите луѓе во светот Субрата Рој и неговата Сахара Груп, кои на неколку пати во изминатиов период престојуваа во Охрид.

Груевски во Охрид утре ќе го пушти во употреба и локалниот пат од Лескоец до Скребатно, а според нашите информации во текот на утрешниот ден ќе има средба и со членството на ВМРО ДПМНЕ во Охрид.

Премиерот Груевски во Охрид ќе учествува и на Глобалниот инвестицики самит за Македонија, каде пред македонските бизнисмени од дијаспората но и пред десеттина странски компании ќе ги претстави можностите за инвестирање во Македонија.

Присутни ќе бидат и економските министри во Владата на Македонија, Агенцијата за странски инвестици, а свое обраќање ќе има и претседателот Ѓорѓе Иванов. Груевски неодамна пак рече дека подготвуваат специјална програма за Охрид за престојните локални избори

„Во програмата ќе бидеме прецизни, ќе внимаваме да нема нешто што ќе го пишува, а да не можеме да го исполниме. Охрид предолго време тапка во место. Ќе бидеме фокусирани на развојот на туризмот и на задоволување на потребите на граѓаните и на туристите. Во Охрид туризмот е една од гранките кои носат голем доход на граѓаните. Со години наназад, таму не се инвестира ништо“, рече Груевски.

Мики Трајковски

Би можело да ве интересира

Влада: Инвестираме историски највисоки 250 милиони евра за капитални проекти во општините

Се јави и трет за истата германска инвестиција: Не е ниту СДСМ, ниту ВМРО-ДПМНЕ

Предраг Петровиќ

Штипскиот регион еден од најатрактивните за инвестиции

А1он

Царовска: Инвестиции во нови градинки во Кочани, Неготино, Кисела Вода и Кавадарци со грант од Светска банка

А1он

Силјановска: Владата се фали со 600 милиони, а инвестирани се само 67,9 милиони евра

Предраг Петровиќ

Дехари: Напролет инвестиции од кичевската дијаспора