Георгиев: Соработката СДСМ-ДПА продолжува

Од:

Потпретседателот на СДСМ, Гордан Георгиев  вели дека останува соработката со ДПА.СДСМ, вели,  потврдува дека е отворена за соработка со соте партии, по најавата на Руфи Османи дека е расположен за подршка и соработка со опозициските партии.

„Секоја партија, организација или здружение, кое сака да се приклучи на опозицискиот фронт е добредојдено, вклучително и партијата на Руфи Османи. Но, во овој случај, поради веќе остварената соработка која ја имаме со ДПА, логично упатува дека евентуалното вклучување на партијата на Руфи Османи во фронтот, принципиелно треба да се случи преку остварување на нивна претходна соработка со ДПА. Тоа е принцип кој го имаме договорено при соработката со ДПА и од тоа не планираме да отстапиме”, изјави Гордан Георгиев.

Георгиев  рече дека  немало средба Црвенковски и- Тачи, но  не исклучи  во блиска иднина да има некоја средба на ниво на претседатели и на друго ниво.

Делумно е направен договор во рамките на опозицискиот фронт со коалициските партнери околу распоредот на местата што ќе ги добиваат како кандидати за градоначалници на локалните избори.

Тој вели дека не е точно дека немаат кандидат за градоначалник на Скопје, туку дека тој ќе биде објавен на 28 октомври.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Нов скандал во Владата – Јанушев поврзан со фирма во Бугарија?

СДСМ: Кочоска призна дека во буџетот нема пари, ќе има ли за плати и пензии?

Тренчевска: Две години Влада на Мицкоски, нема повисоки плати, нема подобар стандард- нула исполнети ветувања

(ВИДЕО) Филипче: Мицкоски ветуваше подобар живот, а донесе поголема сиромаштија

Горан Наумовски

Опозицијата тврди: Буџетот е пред колапс, а животниот стандард во пад

СДСМ: Две години на економски неуспех, лажни ветувања и изолација