Бан Ки-мун: Свет со седум милијарди и предизвик и можност

Од:

Фактот што светското население се приближи до седум милијарди луѓе во 2011 година (порасна од 2,5 милијарди во 1950 година) има длабоки импликации за развојот. Свет со седум милијарди е истовремено и предизвик и можност, со импликации врз одржливоста, урбанизацијата, пристапот до здравствени услуги и јакнењето на младите, изјави генералниот секретар на ОН Бан Ки-мун по повод Светскиот ден на населението.

Темата за Светскиот ден на населението во 2015 година е „Ранливите категории население во кризни ситуации“.

– Светот е сведок на рекорден број лица раселени од кризи – околу 60 милиони, според последните податоци на ОН. УНФПА работи во вонредни ситуации низ целиот свет за да одговори на правата и потребите на жените и девојките, помагајќи им да го зачуваат достоинството, гарантирајќи им безбедност, и овозможувајќи им пристап до сексуално и репродуктивно здравје, наведува Бан.

Генералниот потсекретар на ОН и извршен директор на УНФПА Бабатунде Осотимехин  изјави меѓу насилно раселените лица повеќето жени и адолесцентни девојки се соочуваат со конкретни закани кои произлегуваат од отсуството на здравствени и други основни услуги што им се потребни.

– Дури и во нормални услови, репродуктивните здравствени компликации се водечка причина за смрт и болест кај жените на репродуктивна возраст. Се проценува дека во хуманитарни ситуации, најверојатно една од пет жени и адолесцентки ќе биде бремена. Бидејќи породувањето во присуство на квалификувани здравствени работници и итната акушерска нега често стануваат недостапни, ранливоста на смрт и повреди на бремените жени и девојките дополнително се влошува, наведува тој.

Според него, жените и адолесцентките се соочуваат со многу поголем ризик од злоупотреба, сексуална експлоатација, насилство и присилни бракови за време на конфликти и природни катастрофи. Покрај тоа, многу жени кои преживеале криза стануваат глава на домаќинството, со единствена одговорност да се грижат за своите деца. Тие често мораат да надминат огромни пречки за да обезбедат здравје и грижа за децата, болните, повредените и старите лица, и го носат најголемиот товар на помошта и обновата. Како резултат на тоа, при грижата за другите, може да ги запостават своите потреби.

– Комплексните вонредни ситуации на кои даваме одговор ги опфаќаат долготрајните конфликти, влошени поради лошо или неуспешно владеење, последиците од климатските промени, како и активноста на екстремистичките групи кои бараат територија, ресурси и власт. наведува тој.

Според него, токму затоа темата на овој Светски ден на населението, „Ранливите категории население во кризни ситуации“, има намера да се потенцираат посебните потреби на жените и адолесцентките за време на конфликти и хуманитарни катастрофи.

Тој истакна дека цел на УНФПА е да се обезбеди заштита на правото на жените и адолесцентките на сексуално и репродуктивно здравје, како и нивната безбедност.

– На овој Светски ден на населението, ја повикуваме меѓународната заедница да ги засили напорите за заштита на здравјето и правата на жените и девојките. Мора да им овозможиме на жените, адолесцентните девојки и на младите целосно да ја извршат својата улога во мировните разговори, градењето на мирот и обновата, и да се погрижиме владите да го почитуваат меѓународното право и да ги изведат сторителите на сексуално насилство пред лицето на правдата. Со поставување приоритет врз здравјето, правата и целосното учество на жените, адолесцентките и младите луѓе во јавниот живот, ние ги зголемуваме изгледите за поправеден, постабилен и помирен свет, наведе извршниот директор на УНФПА Осотимехин.

Би можело да ве интересира

Земјата соборува глобални рекорди за топлина десетти месец по ред

Полјански: Труењето со осиромашен ураниум ќе прогонува 60 идни генерации на Балканот

Советот за безбедност на ОН не ја усвои американската резолуција со која се бара итен прекин на огнот во Газа

Од почетокот на војната речиси 20.000 деца се родиле во пеколот на Газа

А1он

ОН: Газа станува гробница на луѓето заробени меѓу војната, опсадата и сиромаштијата

ОН: Израелската опсада на Газа и наредбата за евакуација може да претставуваат меѓународно злосторство