ВИДЕО: Што кријат Груевски и Обвинителството за конфликтот во Куманово?

Од:

„Денеска истекуваат точно 2 месеца од дводневниот конфликт во Куманово што одзеде 8 животи на полициски специјалци, остави многу луѓе без своите домови, истрауматизира 115.000 кумановчани.

И по два месеца нема одговор од најповиканите, Груевски и неговата власт кој, зошто и со каква цел се обиде да ја дестабилизира Македонија“, праша на денешната прес конференција Максим Димитриевски, Претседател на Комисија за одбрана на СДСМ.

„Кој дозволи криминални групи да влезат во срцето на Куманово? Зошто власта не спречила овие групи да влезат во Македонија? Кого штити Јавното обвинителство и два месеца по инцидентот, молчи за случајот? Зошто никој не понесе командната одговорност во штабот при МВР, формиран за да ја координира операцијата?

Митко Чавков заедно со Мијалков е еден од двајцата кои командувале со катастрофално изведената операција.

Дали Чавков за оваа операција е награден со позицијата нов министер за внатрешни работи, наместо да биде повикан на одговорност заедно со останатите во командната структура и со тогашната министерка Гордана Јанкуловска?

Има информации дека и други лица кои наместо да понесат одговорност, се наградени. МВР мора да каже по кои критериуми ги делеше финаниските награди и дали е точно дека такви награди добиле лица во МВР кои воопшто немале никаква активност во директните борбени дејствија?

Како што преку Вистината за Македонија ги откриваме тешките злоупотреби на власта предводена од Никола Груевски, така СДСМ работи и на откривањето на вистината за Куманово.

Овој случај нема да дозволиме ниту да се заборави, ниту да се забошоти.

Јасно е дека граѓаните ја изгубија довербата во институциите на системот. Затоа апелираме до сите кои имаат информации за овој случај, да `не контактираат.

Ќе направиме `се да биде расветлен грозоморниот инциденет, што според многу индиции имал за цел да ја дефокусира јавноста од актуелната политичка криза во земјава, а заврши со 8 семејства во црно, деца во солзи пред срушени куќи и илјадници “зошто“ чии одговори се кријат“, рече Максим Димитриевски, Претседател на Комисија за одбрана на СДСМ

Би можело да ве интересира

СДСМ: Без техничка влада не може да има праведни избори

А1он

Протест на кумановци кои работеа во базите во Ирак и Авганистан – бараат средба со премиерот

А1он

(ВИДЕО) Лукаревска: Се најавува кредит од дури 6 милијарди евра, Владата ги турка граѓаните во должничко ропство

А1он

51 тендер во вредност од 16 милиони евра за три години од општините на ВМРО-ДПМНЕ за „Пирамид билдинг солушнс“, обвинува СДСМ

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Цветановски: САД гледаат со кого Мицкоски и Стоилковиќ се „стратешки партнери“ со „Ноќните волци“ на Путин

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Левица: Од парк – шума до бетонска џунгла, Советот на Куманово го менува ликот на „Ловечки дом“

Горан Наумовски