Со речиси еден милион евра, Агенцијата за електронски комуникации ќе ја подига свесноста кај јавноста за улогата и нивната функцијата како и сите услуги што ги нуди.
На тендерот избрана е продукцијата „Трето Уво“. Според објвата на бирото за јавни набавки не била користена електронска аукција а главен услов за добивање на тендерот бил квалитетот а не цената.
Па така за период од една година продукцијата „Трето уво“ од АЕК ќе инкасира околу 975.000 евра за изработка и промовирање на стратегија за популизирање на улогата на агенцијата.
На тендерот распишан од АЕК се јавила само продукцијата „Трето уво“ иако објавата била меѓународна.
Агенцијата за електронски комуникации се јави и како донатор. На ЈСП му префрли еден милион евра за изработка на панорамско тркало во центраот на Скопје.