Во Парламентот на Индонезија денеска во завршна фаза влезе усвојувањето на законот со кој жителите на оваа 256 милионка дрѓава од југоисточна Азија ќе се соочат со прохибиција на алкохолот.
Сите партии што имаат претставници во Парламентот дале писмена согласност предлог текстот на законот да влезе во процедура. Ако се усвои, забраната за конзумирање алкохол во Индонезија ќе важи од почетокот на идната година.
Законот за прохибиција е лична иницијатива на сегашниот претседател на Индонезија Јоко Видодо. Минатата недела тој изјави дека цврсто ќе се залага да се донесе законот, но се соласи со забелешките дека во меѓународните летувалишта, како што е Бали и во хотелите со 5 ѕвезди на пењето алкохол треба да се гледа полиберално.
Кога ќе профункионира законот за прохибиција, прекршителите се соочуват со затворски казни од три месеца до две години. Построги казни ќе добиваат лицата кои ќе бидат фатени како возат автомобил или мотор во алкохолизирана состојба.