Министерството за надворешни работи на Индонезија денеска соопшти дека од 1 август ќе профункционира прописот според кој сите индонезиски државјани ќе имаат обврска онлајн да го пријават местото во кое се наоѓаат додека се вон земјата.
Пријавувањето ќе се врши на специјален портал, а тие што не ќе ја извршат обврската ќе се соочат со висока парична и затворска казна.
Мотивот за своевидната контрола на локациите на кои престојуваат Индонезијците во странство, е дел од обидите на Индонезија да го намали заминувањето на своите државјани на боиштата во Ирак и Сирија.
Онлајн регистрацијата ја нареди претседателот Јоко Видодо, по веста дека офицер на индонезиската полиција загинал како припадник на групата Исламска држава.