Македонска десна сапуница: За се’ по малку

Од:

Денес Македонија е земја каде што се радуваме на туѓите проблеми, а не си ги гледаме нашите. Политичка криза, задолжувања, непрекинат излез на млади, способни луѓе….

1. Префрли се во ДПМНЕ и гони ги вмровците

Можеме да забележиме дека неистомислениците се гонат кривично, почнувајќи од претседателот на Обединети за Македонија, господинот Љубе Бошкоски. Да си кажам мое видување за тоа (П.С. Се надевам дека тие што не мислат како мене, нема да се служат со пцовки и закани, туку ќе имаат добри контрааргументи(иако тешко тоа веќе, многу поддржувачи од ДПМНЕ мислаат дека со пцовки и закани се во право)). Прво, секогаш се перете со снимката за т.н. продажба на името. Никаде претседателот го нема продадено името, само спомнува дека ќе го РЕШИ, освен како ќе ви кажат во вашите т.н. КОМИТЕТИ (каде што ДА и СДСМ сончогледи ви се на функција, па нормално е да одат против вмровците прикриени под светото име ВМРО, додавајќи го и ДПМНЕ после тоа). Втор аргумент според мене е тој што времето е веќе кога претседателот бил во притвор (иако тешко дека некој е експерт по физика, но логички и  физички е невозможно човек да биде на две места). И на крај, како може судски доказ (АКО Е ТОЧЕН) да е поставен на Јутуб од неофицијално корисничко име? Во разговорите се спомнува за тој клип како резерва.

2. Лажни ФБ профили и купување на ФБ страни

Реално не знам, но дали е тоа некоја наредба од вашите ДА и поранешни сончогледи на СДСМ кои ви се во функција, но тоа е реално очаен обид да направиш барем малку искривена слика на социјалните мрежи, бидејќи таму нема цензура. И да ставиш докази, тие те пцујат и те именуваат како предавник (немаат доволно аргументи). Една идеја за нив, прашајте ги која политичка струја ја опфаќа ДПМНЕ и дали цели кон тоа (од искуство, 99% нема да ви одговорат со знаење, туку со пцовки и навреди), бидејќи каква и да сте професија, штом сте се определиле во политика, мора да имате основа, нели?

3. Збор, два за русофилите

Додека Македонија тони во долгови и должиме на ЕУ, можеме да забележиме русофили кои упорно пукаат против се’ европско. Дали некогаш сте се запрашале вие русофилите, како би било ако се настроиме проруски и ако не дај боже, пукне помеѓу Русија и НАТО? Свесни ли сте дека би тргнале против нашите иселеници кои поради врхушкава се низ сите НАТО земји?

4. Обединети за Македонија, цврста десна партија со европски вредности

ОМ е основана од Љубе Бошкоски. Го опфаќа конзерватизмот, но со модерни европски вредности. Македонија е денес независна. Нема потреба од развивање на национализам, туку од реален, европски патриотизам. Во ОМ се гледа тоа десничарското измешано со европското (ВМРО и Европа, патриотизам и европско). Почитување на ВМРО и целење кон идејата на Јане Сандански (робот за слобода, а слободниот за совршенство(првиот дел завршен, целиме на второто, совршенството), но и другите дејци на ВМРО. За крај, СМРТ ИЛИ СЛОБОДА (ИЗБЕРИ СЛОБОДА)

Ѓорѓи Станковски

Би можело да ве интересира

Реален здравствен систем, а не експлодирана ракета на годината-петарда

Ана Ололовска

Погледот на Балканот кон Брисел, а намигнувањето кон Москва не е добра можност

Наум Локоски

Блажески: Солза, лажеш, ти никогаш не би се качила на гајби и буриња, освен ако не мислиш дека тие се мостот до удобна фотеља

Ана Ололовска

Македонските политичари да не се прават Англичани пред Тереза Меј

Ана Ололовска

Врне во душите на македонскиот народ, ама здравството нема да потоне

Ана Ололовска

Азески, време е да се пензионираш, заедно со својот дијалект!

Ана Ололовска