Малинков: Со малку среќа до успех на ЕП во Унгарија

Од:

Селекторот на македонската кошаркарска репрезентација до 20 години Љупчо Малинков пред утрешното заминување за Унгарија каде „црвено – жолтите“ од 9 до 19 јули ќе учествуваат на Европското првенство Б дивизија изјави дека неговите избраници може да постигнат добар резултат доколку и среќата им биде наклонета.

– Направивме добри мини-подготовки, трениравме двапати дневно, комбинирано со акцент на физичка и на тактичка подготвеност. Презадоволен сум од ангажманот на сите кошаркари. Момците го даваа својот максимум во текот на целиот подготвителен период. Групната не ни е толку силна, но очекувам да ја минеме првата фаза, да се пласираме во следната рунда, и  со малку среќа можеме да оствариме значаен успех. Репрезентацијата има капацитет за пласман во А дивизија. Со три победи во првата фаза би биле многу блиску до пласман во полуфиналето, истакна Малинков.

Ставот на кошаркарите го пренесе капитенот Андреј Магдевски.

– Хемијата на тимот е на високо ниво, што мене многу ме радува. Во Унгарија ќе покажеме колку сме подготвени. Ќе дадеме се од себе и ќе одиме чекор до чекор до успех, истакна Магдевски.

Македонија е во групата Ц заедно со Белорусија, Ерменија и Швајцарија. Во следната фаза ќе учествуваат двете првопласирани селекци.

Би можело да ве интересира

Антиќ избра 25 кошаркари за подготовките за јуниорското ЕП во Софија

Ана Ололовска

Слободен влез за навивачите за завршницата на македонскиот кошаркарски Куп

Ана Ололовска

Завршницата на македонскиот кошаркарски Куп почнува в четврток

Во нова драма, Македонија со тесна победа над Словачка!

Горан Наумовски

Феникс 2010 ја прекинаа серијата победи на МЗТ Скопје Аеродром

Ана Ололовска

Кошаркарите на Бадел 1962 испишаа клупска историја во Јадранската лига

А1он