Груевски: Потребен е разумен компромис

Од:

Моите очекувања за излез од политичката криза се дека треба да се најде некое разумно решение односно разумен компромис. Засега, другата страна не можам да кажам дека оди во таков правец, изјави денеска премиерот Никола Груевски.

– Мене се уште ми стои впечатокот дека другата страна прави се да не дојдеме до договор. Низ чекорите кои ги прават во деновите што поминуваат тие практично постапуваат колку што е можно понелогични услови со цел да не се договориме и да можат да го продолжат периодот на политичка криза која би имала влијание на економијата, рече премиерот Груевски.

Опозицијата, според него, на тој начин се надева дека ќе дојде до пад на економијата и шанса луѓето да почнат да се разочаруваат од ВМРО-ДПМНЕ и да гласаат за СДСМ.

– Таквата деструктивна политика која на грбот на граѓаните и на народот вработените и невработените кои очекуваат вработување ќе им се врати како бумеранг на нашите политички опоненти и мислам дека следните избори ќе ги изгубат уште со поголема разлика отколку претходно заради ваквата политика со која тргнале да одат, истакна премиерот Груевски.

Прашан што очекува од средбата со Викторија Нуланд рече дека сеуште не може да коментира ништо.

Би можело да ве интересира

Кузеска: Приватна фирма плаќа лобисти во САД за Мицкоски

Катерина Ѓуровски

СДСМ поднесе предлог-закон за финансиска поддршка на земјоделците

(ВИДЕО) Филипче: Мицкоски не е на списокот на државници кои ќе се сретнат со Трамп

А1он

(ВИДЕО) Штерјова: Бизнисот цвета – нова зделка со броила за струја вреден 13.3 милиони евра за српска фирма

А1он

Тренчевска: Една милијарда евра е зголемена дупката во ПИОМ

Имало ли одлука на Собранието на акционери на Лотарија за финансирање на прославата, прашува СДСМ