Ахмети: Лидерска средба денеска ќе нема

Од:

Претседателот на ДУИ Али Ахмети попладнево изјави дека денеска ќе нема нова средба на лидерите на четирите најголеми партии за надминувања на политичката криза.

Ахмети по средбата во Собранието со американскиот конгресмен Елиот Енџел, одговорајќи на новинарско прашање, кусо одговори дека лидерска средба денеска ќе нема.

Последната средба на лидерите се одржа на 29 јуни, по која партиите објавија соопштение со иста содржина во кое беше наведено дека лидерите на ВМРО-ДПМНЕ, на СДСМ, на ДУИ и на ДПА ги продолжиле дискусиите за точната организација на владата што ќе ги подготви изборите, како што е предвидено во шестата точка од договорот од 2-ри јуни во Скопје.

Во тој контекст, како што беше посочено, лидерите се договориле да се состанат повторно во деновите што следуваат.

Би можело да ве интересира

Апасиев нема да оди на лидерска: Ден на жалост заради двојното убиство, не средба за датум за избори

А1он

(ВИДЕО) Рокот за договор помеѓу Владата и ВМРО-ДПМНЕ е до првото гласање за отворање на Уставот

A1on

Започна лидерската средба помеѓу Ковачевски и Мицкоски

Ана Ололовска

Средба на Ковачевски и Мицкоски за уставните измени

Ана Ололовска

Следната недела средба меѓу Ковачевски и Мицкоски

Ана Ололовска

Мицкоски за евентуална лидерска: Премиерот да биде свесен за времето, непоминувањето на измените, ќе значи пад на владата

Ана Ололовска