Италијанскиот премиер Матео Ренци изјави дека Атина нема да ја напушти еврозоната без оглед на исходот од референдумот во Грција во овој викенд.
– Сметам дека Грција нема да го напушти еврото. Ќе направи се што може да се постигне договор со меѓународните кредитори, изјави Ренци за РАИ-1.
Референдумот што треба да се одржи в недела во Грција ги подели жителите на таа држава бидејќи многумина не се за тоа да кажат „да“ за штедење ниту „не“ на Европа како помош да се извлече земјата од финансиската криза.
Грчката Влада верува дека гласањето за „не“ на референдумот се отфрла најновиот предлог на странските доверители што би ја зајакнало нивната позиција во преговорите со тројката кредитори. Владата наведе вчера дека може да поднесе оставка доколку не добие поддршка на референдумот.