Во натпреварите од петтото коло, во регионалната ракометна лига – СЕХА, Металург, во Автокоманда, лесно се справи со екипата на Ловќен, забележувајќи победа од 32:12.
Најефикасни во Металург беа браќата Мојсоски, Наумче постигна шест, а Златко пет погодоци. Пет гола постигна и Козлина, додека голманот Станиќ имаше 12 успешни интервенции.
Вардар Про го забележа првиот пораз на домашен терен во СЕХА лигата од Таратан Прешов.
Словаците во СРЦ Кале победија со 33:29.
Антл со седум и Кристопас со шест гола беа најпрецизни во тимот на Татран, додека Филип Лазаров постигна девет гола за Вардар.