(ВИДЕО) Заев: Не е точно дека е прифатен предлог Груевски да се повлече во јануари

Од:

Претседателот на СДСМ, Зоран Заев, ги демантираше тврдењата во медиумите дека на лидерските средби се дискутирало за предлог премиерот, Никола Груевски, да се повлече од функцијата во јануари, а во транзицискиот период во министерствата да се постават министри супервизори предложени од опозицијата.

Од друга страна, тој потврди дека изминативе денови преговорите продолжиле меѓу партиските претставници, а со посредство на амбасадорите на ЕУ и САД. Заев изјави дека до крајот на оваа недела ќе се знае дали ќе се постигне некакво решение.

-И денес има средби и утре. Договорено е до крајот на оваа седмица да завршат сите разговори и обиди за преговори и по пат на маса да се стигне до договор. Тајни преговори нема, туку има меѓупартиски преговори меѓу сите политички партии и меѓу двете најголеми, но во посредство на меѓународната заедница. Штом ќе има резултат од тие преговори ќе бидат објавени во јавноста – рече тој.

Тој уште еднаш порача дека опозицијата нема да отстапи од црвените линии.

-Предлози има и од наша страна, и од владејачката партија, и од меѓународната заедница. Ние сме децидни во нашите ставови, нема отстапки од црвени лини. Конечна цел е споделена одговорност, опозицијата да биде гарант заедно со власта за регуларност на изборите и само на тој начин да дојде до нормализација на институците и враќање на корективите – додаде.

Затоа што против него се покенати две обвиненија, одговарајќи на новинарско прашање посочи дека доколку биде уапсен во меѓувреме, тогаш преговорите ќе продолжат во Идризово каде ќе мора да дојдат и лидерите на останатите политички партии.

Заев додаде дека додека траат преговорите СДСМ нема да објавува нови бомби. Доколку преговорите пропаднат, рече тој, на СДСМ и престојат сите демократски средства кои ги има на располагање.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Мицкоски рутинска работа ја претставува како дипломатска победа

Обвинителот Савески да го викне Панче Тошковски да ги достави доказите за „Мазут“, бара СДСМ

СДСМ: Додека Кошта ја кажува вистината за ЕУ, власта отвора предмет за Богоев

СДСМ бара нови избори во Карпош, Мицкоски вели боледувањето на Лукровски било лична работа

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Цветановски: Две години ветувања, нула резултати – граѓаните плаќаат за економскиот неуспех на Мицкоски

СДСМ: Денес истекува рокот за исполнување на Реформската агенда