Во воениот авион на индонезиските военовоздухопловни сили, што денеска се урна во Суматра, имало 113 луѓе и се претпоставува дека нема преживеани, изјави шефот на воздухопловните сили на Индонезија Агус Суприанта.
Во авионот „Херкулес Ц-130“ имало 101 патници и 12 членови на екипажот, кога се урнал и експлодирал во населеното подрачје на градот Медан.
Досега се откриени 49 тела.
Авионот се урнал врз новоизграден станбен кварт и не се знае колку луѓе имало во зградите во моментот на несреќата.