ВИДЕО: Момче со церебрална парализа за државата е здраво!

Од:

Телевизија Стар објави потресна приказна под наслов: „За државата, момче со церебрална параализа е здраво“.

„Нека дојде министерот Диме Спасов, нека ја види маката на една мајка. Ме влечат по судови, а детето е жив труп, сега му се атрофирани и мускулите“, низ солзи вели Станка Мицевска, објави телевизијата.

Мајката на 28-годишниот Виктор, момче со церебрална парализа, се бори по судски пат да докаже дека на Виктор му се неопходни средства за нега од друго лице, а државата се жали и тврди дека ова момче е способно само да се грижи за себе.

„Јас ќе сум најсреќна мајка, нека го вработат, ако е така и мојот син да види светлина, тој не знае што е светлина , живее во една соба“, вели Мицевска.

Виктор се разболел кога имал 5 месеци и оттогаш до денес се бори семејството со болеста.

За него во Делчево сите знаат, а знаат и во Центарот за социјални работи, каде со години добивал средства за инвалидитетот, но сега делчевскиот центар донел негативно решение за социјалната помош.

Би можело да ве интересира

Смртноста на државна кардиохирургија бара јасни одговори

Предраг Петровиќ

Бесплатно советувалиште во Центар за дојка

„Крварев и умирав од болки“ – медицинска сестра сведочи за голготата која ја минала во три болници

Катерина Ѓуровски

Левица: Европската Комисија потврди дека граѓаните сѐ уште се заложници на коруптивен здравствен систем

Горан Наумовски

Алиу: Градиме здравство што одговара на потребите на граѓаните

Алиу: Не градиме само објекти, туку посилен и похуман здравствен систем