Новиот премиер на Данска, Ларс Локе Расмусен ја потврди денеска својата позиција за поддршка на ЕУ, јави ДПА.
Расмусен изјави дека неговата влада има намера да организира референдум, со кој ќе бидат откажани голем број од клаузулите, кои земјата ги има воведено еднострано за себе, исклучувајќи се од некои општи правил на Унијата во областа на правосудството.
Локе Расмусен изјави пред репортери дека според програмата на владата овој референдум треба да биде спроведен порано, зошто прашањето е многу важно.
Данска сепак ќе настојува луѓето да можат слободно да се движат низ Европа во потрага по работа, а не на социјална помош, изјави Расмусен, кој е лидер на Либералната партија „Венстре“.