Во пет минути пред пет во Клубот на пратеници пристигнаа амбасадорите на ЕУ и САД, Аиво Орав и Џес Бејли на лидерската средба која треба да се одржи денес, а по која ќе биде јасно уште колки ќе трае во Македонија политичката криза.
По нив следни пристигнаа лидерот на ДПА, Мендух Тачи и лидерот на СДСМ, Зоран Заев.
Во клубот на пратеници, веќе некое време, присутен е претседателот на ДУИ, Али Ахмети.
Преку целиот ден беше неизвесно дали средбата ќе се одржи воопшто откако терминот беше презакажан од еден во пет саат.