СДСМ: Слушна Груевски „избори“ и се сети дека за оние кои ги влечеле „за уши“ треба водовод

Од:

„Да мислеше Никола Груевски наместо на своите интереси, на интересите на граѓаните, жителите на Шуто Оризари досега ќе имаа водовод.

Колку се важни граѓаните на Шуто Оризари за Груевски и за Коце Трајановски покажува фактот што за најавениот водовод нема предвидено средства во основните буџети на градот и на државата.

Слушна Груевски термин „избори“ и се сети дека за оние кои ги влечеле „за уши“ треба водовод.

Најавениот водовод ќе се реализира со пари од кредит.

Само за споредба, мнозинството на ВМРО-ДПМНЕ во Град Скопје одлучи да отидат нови над 40 милиони евра за проектот Скопје 2014, од коишто над 6 милиони евра се директна донација од државниот Буџет.

Груевски не го интересираат проблемите на граѓаните. Го интересираат бизниси и пари, кражби и манипулации на избори“, се вели во соопштението на СДСМ.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Мицкоски Ad hominem, De Facto – De Jure Вучиќ

СДСМ: Мицкоски, граѓаните имаат мозок – Македонија сака во ЕУ

А1он

СДСМ: Тендер коалицијата ВМРО-ОКГ/ЗНАМ против работниците

СДСМ: Домашниот притвор за Груби е доказ дека правдата е погребана

(ВИДЕО) Цветков: Минималната плата не е само бројка, илјадници семејства тонат во сиромаштија

Кузеска: Обвинителството се заплетка со притворот за Груби