Агенцијата за млади и спорт организираше прием за медалистите од Баку

Од:

Директорот на Агенцијата за млади и спорт Марјан Спасески денеска оствари средба со членовите на македонската карате репрезентација и наши најдобри каратисти во моментов, Емил Павлов и Мартин Несторовски, кои освоија медали на неодамна завршените Европски игри во Баку, Азербејџан.

– Карате спортот е во голем подем и има голем потенцијал, за што говорат и резултатите. Имено, во последниве неколку години имаме неколку европски шампиони и вице-шампиони во повеќе категории и во машка и  женска конкуренција, со што карате спортот дефинитивно е меѓу најуспешните и најтрофејните спортови во земјава. Тоа се докажа и на Првите Европски олимписки игри во Баку, каде нашите каратисти освоија 2 бронзени медали. Со овој огромен успех, македонското карате продолжува да ги испишува светлите страници во својата спортска историја, изјави Спасески честитајќи го успехот на  репрезентативците, тренерите и целокупниот стручен штаб на карате репрезенатацијата.

Директорот на АМС порача дека агенцијата ќе продолжи финансиски и логистички да го поддржува карате спортот.

– Голем дел од нашите репрезентативци се и носители на стипендиите, кои ги доделува АМС, како и на највисокото спортско признание, Националното спортско признание – Спортска пензија, со што им оддаваме почит и јавно признание и докажуваме дека државата се грижи и понатаму ќе продолжи да се грижи за врвните спортисти, кои ја промовираат Република Македонија на меѓународната спортска сцена. Емил и Мартин се носители на стипендии од Светска категорија и четири години земаат по една просечна плата на месечна основа, а Емил е носител и на највисокото спортско признание, популарната „Спортска пензија“ и истиот по завршување на спортската кариера, ќе добива месечен надомест во висина од една просечна плата, додаде Спасески.

Емил Павлов секунди го делеа од повисок пласман, но мало невнимание го оддалечи од среброто или можеби и златниот медал.

– Се уште не ми се верува како на секунда до крајот направив несфатлива грешка и го пропуштив финалето. Сепак победив во борбата за третото место и тоа ми дава мотивација да продолжам понатаму со исто темпо. За овој резултат голема заслуга имаат психологот Ленче Алексовска и секако Агенцијата за млади и спорт, бидејќи со нејзината стипендија можам професионално да се посветам на тренинзите и подготовките.

Мартин Несторовски задоволен од постигнатото во Баку, рече дека токму од него и од Павлов се очекувале најголеми резултати и поради тоа биле под психолошки притисок, но тоа не ги спречи да стигнат до медал.

– Без поддршката од АМС, МОК и Карате федерацијата немаше да го постигнеме овој резултат. Одиме понатаму кон нови успеси, рече Несторовски.

Павлов и Несторовски беа единствените Македонци кои се искачија на победничкиот подиум на Игрите во Баку.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Милионерот Каевски ја злоупотребил позицијата како директор на АМС

А1он

За злоупотреби на ваучерите поднесено обвинение против дванаесетмина

МОК бара разрешување на Мојсоски и замрзнување на доделувањето спортски ваучери

Ана Ололовска

ВИДЕО: Премиерот Ковачевски му врачи стипендија на младиот пливач Марко Пејчиновски

Ана Ололовска

ВИДЕО: Преку ваучерскиот систем спортистите имаат сигурен партнер

Ана Ололовска

Крива Паланка ќе добие нова фитнес зона

Ана Ололовска