Според француските медиуми, шампионот Париз Сен Жермен е подготвен на Барселона да и плати неверојатни 190 милиони евра за бразилската ѕвезда Нејмар.
Бразилецот треба да биде замена за Златан Ибрахимовиќ.
Нејмар втората сезона во Барселона ја одигра одлично, постигнувајќи 39 гола во сите натпреварувања и со клубот освои тројна круна.
Како адут да го донесат Нејмар во Париз, сопствениците на клубот покрај понудата ќе се обидат да ги искористат и сонародниците на напаѓачот Тиаго Силва, Максвел и Давид Луиз.