Пониски цени во роаминг помеѓу Македонија, Србија и БиХ

Од:

Од утре ќе се разговара по пониски цени во роаминг во мобилната телефонија помеѓу Македонија, Србија и Босна и Херцеговина, согласно потпишаната Спогодба меѓу државите во септември лани.

Според договорот, за минута појдовен повик ќе се наплаќа по 17,9 денари, а за дојдовен по пет денари. СМС-порака ќе се испраќа за 5,5 денари, а мегабајт интернет ќе чини 43 денари. Цените се без пресметан ДДВ, а  ќе важат до 30 јуни следната година, по што ќе следи ново намалување. Тогаш минута разговор треба да се наплаќа за 14,76 денари, СМС порака 4,92 денари, а мегабајт интернет 27,6 денари. Од 1 јули 2017 година, пак, цената за минута разговор треба да чини 11,6 денари, СМС-пораката да се намали на 3,7 денари, а интернетот до 12,3 денари за 1МБ.

Со сегашните цени од македонските оператори за минута разговор во роаминг кон Србија и  БиХ се наплаќа од 80 до 150 денари, а за СМС од 16 до 20 денари.

Потписник на договорот е и Црна Гора но, според последните информации, за негова примена се чека на нови решенија за операторите од тамошното регулаторно тело.

Спогодбата за пониски цени во роаминг што четирите држави ја потпишаа во Будва, е отворена и за останатите балкански држави.

Би можело да ве интересира

Лидерите на Европската Унија усвоија 18 заклучоци, од кои еден се однесува на роамингот на Балканот

За 30 отсто поевтини роамингот за македонските граѓани со земјите од ЕУ, од 2028 цените се изедначуваат

Ќе плаќаме помали сметки – Од денеска се намалуваат цените за интернет во роаминг со земјите од ЕУ

Почнува намалувањето на роаминг цените за дата податоци со земјите од ЕУ

Наскоро се укинува роамингот меѓу Западен Балкан и ЕУ

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Македонија, Албанија, Србија, Црна Гора, Косово и БиХ ќе имаат пониски тарифи во роаминг со земјите од ЕУ од 2023 година

Ана Ололовска