ЕУ: Грција треба да остане во еврозоната

Од:

Грција треба да остане во еврозоната, изведувајќи ги структурните реформи. Со оваа теза синоќа заврши дебатата на средбата на врвот на ЕУ за проблемот со спасувањето на Грција од банкрот.

На средбата не беа усвоени никакви практични решенија, пренесе ТАСС.

„Сите европски лидери го потврдија својот стремеж да ја задржат Грција во еврозоната, подвлекувајќи ја неопходноста Атина да ја исполни програмата за структурни реформи“.

– Заврши разгледувањето на ситуацијата во Грција. Тоа имаше чисто информативен карактер – претседателот на Еврогрупата Јерун Дејселблум и грчкиот премиер Алексис Ципрас ја информираа ЕУ за текот на преговорите на Атина со институциите (Европската комисија,
Европската централна банка и Меѓдународниот монетарен фонд), изјави за ТАСС анонимен извор од кулоарите на средбата.

Тој потврди дека следното вонредно заседание на Еврогрупата ќе се одржи утре.

Претседателот на Еврогрупата и нејзините членови – министрите за финансии од еврозоната, кои одржаа серија разговори пред средбата на врвот на ЕУ, констатирале дека меѓу Грција и кредиторите остануваат сериозни разлики. Преговорите продолжуваат на техничко ниво.

-Денеска на заседанието на Еврогрупата (министрите за финансии од еврозоната) европските институции ни претставија информација за последните предлози на Грција, за серијата ситуации по кои остануваат сериозни разлики.

– Еврогрупата веројатно повторно ќе биде свикана во сабота, на 27 јуни, за да направи закличоци, изјави Дејселблум.

Според него, кредиторите допрва ќе треба да направат оценка на последните предлози од грчката Влада, кои биле добиени предоцна, дури вчера, буквално пред почетокот на заседанието.

– Во меѓувреме вратата останува отворена за грчките власти да ги прифатат предлозите на европските институции, подвлече Дејселблум.

Премиерот на Ирска Енда Кени изрази надеж дека спогодбата меѓу Грција и кредиторите може да се постигне во текот на претстојниот викенд – 27 и 28 јуни.

Би можело да ве интересира

Гужва за влез во Грција: На Богородица се чека по еден час

А1он

Двајца Македонци осудени на по пет години затвор во Грција, внесувале фалсификувани лични документи

Грција воведува шестдневна работна недела

ВИДЕО: Уапсени двајца Срби, поранешни членови на „Пинк Пантер“ – оргабувале златарници во Атина

Земјотрес го погоди денеска грчкиот остров Самос

Преспанскиот договор оспорен во предизборието, анализира грчки Катимерини

Александар Тодески