Четворица насилни активисти на еколошката организација „Гринпис“ извршија упад во Парламентот на Нов Зеланд и заобиколувајќи ги безбедносните заштитни мерки, се искачија на покривот на зградата.
Демонстрантите, врзани меѓу себе со дебело јаже и закачени за оградата на фасадата, седат на симсот од зградата, над главниот влез во Парламентот, каде истакнаа голем антивладен транспарент.
Целата акција е изведена во знак на протест против политиката на новозеландската влада и, како што велат, нејзниниот неуспех во заштитата на човековата околина и борбата против климатските промени.
Протестот на еколозите и освојувањето на покривот на Парламентот, почнал во зора, по локално време.
Полицијата ги заобиколи сите приоди кон парламентарното здание во Велингтон, но нејзин претставник изјави дека нема да интервенира, објаснувајќи дека полицајците ќе чекаат демонстрантите самите да се симнат од покривот.
Водачит на групата насилнички настроени еколози, Џоно Смит, во разговор преку мобилен телефон со новозеландските медиуми, изјави дека протестот ќе трае до доцна вечерта по новозеландско време, „додека времето не стане премногу студено“.
Во Нов Зеланд сега е почеток на зимата и во јуќните делови од Северниот остров и на соседниот Јужен остров, времето во вечерните часови и преку ноќта е многу студено.
Управата на Парламентот и безбедносната служба покренаа истрага за овој инцидент, настојувајќи да откријат како припадниците на „Гринпис„ успеале да се пробијат незабележани од никого, во парламентарната зграда и да се искачат на нејзниот покрив.