Обама загрижен за однесувањето на Кина во кибер просторот

Од:

Американскиот претседател Барак Обама, на крајот од дводневните разговори со кинеските официјални претставници во Вашингтон, изрази загриженост заради однесувањето на Кина во кибер просторот како и заради тензиите околу спорната зона во Источно Кинеско Море.

„Тој ја повика Кина да преземе акција за намалување на оваа напнатост“, соопшти Белата куќа, пренесуваат американските медиуми.

Во меѓувреме, американскиот државен секретар Џон Кери кажа дека Кина и САД се договориле да соработуваат за да го довршат кодексот на однесување во кибер просторот.

Кери додаде дека хакерските упади предизвикале загриженост во областа на безбедноста и им предизвикале штети на американските фирми, наведуваат американските медиуми.

Разговорите на високо ниво во Вашсингтон се вовед во посетата на кинескиот претседател Кси Џинпинг на САД оваа есен.

Би можело да ве интересира

Три лица загинаа во авионска несреќа во САД

(ВИДЕО) Нова драма во САД: Брод удри во мост, се излеа нафта, спасувачките служби го блокираа сообраќајот

Горан Наумовски

Волстрит порасна, но инфлацијата во САД не се намалува

САД се длабоко вознемирени од грузискиот закон за странски агенти

Пекинг силно се спротивставува на зголемувањето на царините за кинеските стоки во САД

Петмина Кинези протерани од Македонија – илегално влегле во земјава со намера да одат во Грција