А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

Тачи се сретна со грчкиот министер за надворешни работи Коѕиас

by А1он24/06/2015 - 17:12157
Share0

Претседателот на ДПА Мендух Тачи денеска во Амбасадата на Грција во Скопје, се состана со високата делегација на Министерството за надворешни работи на Република Грција предводена министерот Никос Коѕиас.

Добивај вести на вибер

На средбата, како што соопшти ДПА, се разговарало за актуелната политичка ситуација во земјата, како и за процесите на излез од актуелната политичка криза. Исто така, тема на дискусија било деблокирањето на интеграциските процеси и унапредување на меѓу-соседските односи меѓу двете земји.

Тачи го запознал министерот Коѕиас со понудата на ДПА за надминување на внатрешната политичка криза и потребата за побрзо решавање на спорот за името со Грција, што, како што посочил, ќе овозможи интеграција на земјата во евро-атлантските структури, НАТО и ЕУ.

Соговорниците се согласиле дека регионалната стабилност се постигнува преку здрави меѓу-соседски односи, и во овој контекст, посочиле, решение на прашањето за името преку компромис е многу важно за добри меѓусоседски односи, регионалната безбедност и стабилност. Надминувањето на оваа разлика, оцениле двајцата соговорници, го отвора патот за интеграција и воедно обезбедува подобра перспектива за земјата и за целиот регион.

dpa

Би можело да ве интересира

ДПА го дефинираше учеството во коалицијата на ДУИ

Катерина Ѓуровски24/03/2024 - 09:42

ДПА избра ново претседателство

Горан Наумовски28/08/2022 - 16:1528/08/2022 - 16:27

Бектеши: Албанската опозиција не ја прифати средбата, нивната цел е да блокираат

Ана Ололовска29/03/2021 - 13:01

Синот на Мендух Тачи стана доктор на политички науки

Жарко Настоски18/02/2021 - 17:2318/02/2021 - 22:41

Тачи од Тетово: Дводомен парламент за да не биде ускратено ниту едно право на Албанците

А1он12/07/2020 - 22:04

Мендух Тачи: Македонците ќе бидат обврзани да прифатат дводомен парламент и не правам договор со ДУИ

А1он11/07/2020 - 22:59
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен