Спасески го посети Летниот училиштен спортски камп во Охрид

Од:

Над 250 талентирани ученици од основните и средните училишта, кои се пласирале меѓу најдобрите на спортските натпревари во текот на изминатата учебна година учествуваат на петтиот Летен училиштен спортски камп  – Охрид 2015.

Учесниците денеска ги посети директорот на Агенцијата за млади и спорт Марјан Спасески, кој се запозна со активностите што децата ги имаат во текот на кампот. Покрај практични натпревари, информира дека во попладневните часови учениците имаат и теоретски предавања, во однос на допингот во спортот, антидискриминацијата и останатите основни постулати во спортот и спортските игри.

Потсети на стипендиите што Агенцијата секоја година ги доделува на најуспешните 500 млади спортисти „Спортска надеж“, со кои очекува младите и талентирани спортисти подоцна професионално да продолжат да се занимаваат со спорт и да станат идни репрезентативци.

Агенцијата и Владата, додаде тој, во изминатиот период инвестираа многу во развојот на училишниот спорт, но и во развојот на спортската инфраструктура, која треба да претставува основа или база за постигнување врвни спортски резултати. Агенцијата реализира проекти за изградба на 50 помошни фудбалски игралишта, 100 повеќенаменски спортски игралишта, 120 тениски терени и 35 спортски сали.

– Со тоа овозможивме максимални услови за да може нашата младина активно и рекреативно да се занимава со спорт, но подоцна и професионално. Со реализација на низа спортски активности и проекти, како што е Спортската академија, која се реализира трета година, овозможуваме и рана спортска специјализација на младите и талентирани спортисти, изјави Спасески.

Во таа насока, подвлече, се движи и определбата на Агенцијата и Владата за зголемување на бројот на ученици кои активно се бават со спорт преку нивно активирање во училишните спортски клубови.

Дел од овој камп е и поранешниот ракометар Пепи Манасков, според кој, училишниот спорт е многу битен дел, а летниот камп ги обединува најголемите спортски надежи во државата.

– Верувам дека од овие ученици ќе излезат здрави пред се личности и сигурнио тие ќе бидат идните спортисти што ќе ја претставуваат државата како на клубски, така и на репрезентативен план, подвлече Манасков.

Според него, ракометот е број еден спорт во Македонија, како клубски, така и репрезентативно и се надева дека трендот ќе продолжи и во иднина.

Учесниците на Летниот училиштен спортски камп имаат можност да работат со познати македонски спортски легенди, меѓу кои Пепи Манасков, Марин Докузовски, Врбица Стефанов, Јошко Миленковски, Зоран Бошковски…

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Милионерот Каевски ја злоупотребил позицијата како директор на АМС

А1он

За злоупотреби на ваучерите поднесено обвинение против дванаесетмина

МОК бара разрешување на Мојсоски и замрзнување на доделувањето спортски ваучери

Ана Ололовска

ВИДЕО: Премиерот Ковачевски му врачи стипендија на младиот пливач Марко Пејчиновски

Ана Ололовска

ВИДЕО: Преку ваучерскиот систем спортистите имаат сигурен партнер

Ана Ололовска

Крива Паланка ќе добие нова фитнес зона

Ана Ололовска