Итен состанок на Советот за безбедност на Франција по наводите за шпионирање

Од:

Претседателот на Франција Франсоа Оланд ќе одржи итен состанок со Советот за безбедност на Франција по повод информациите објавени од Викиликс дека САД шпионирале тројца француски претседатели.

Состанокот е закажан за девет часот по локално време во Париз.

Викиликс објави дека американските безбдносни служби ги шпионирале Жак Ширак, Никола Саркози и сегашниот претседател Франсоа Оланд, така што ги следеле нивните телефонски разговори и електронска пошта.

Шпионирањето на француските претседатели е вршено во периодот од 2006 до 2012 година, пренесува францускиот весник „Либерасион“. Весникот се повикува на документи кои се чувани како „најголема тајна“ и меѓу нив се пет извештаи на американската Национална безбедносна агенција, кои се изработени врз основа на следените разговори.

САД денеска одбија да ги потврдат или негираат информациите дека американската Национална безбедносна агенција (НСА) шпионирала тројца француски претседатели.

– Ние нема да ги коментираме специфичните разузнавачки наводи, се наведува во соопштението на Советот за национална безбедност на Белата куќа.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Франција изгуби контрола на делови од Нова Каледонија, истрели и експлозии одекнуваат низ островот

ВИДЕО: Напад на синагога во Франција, полицијата го уби напаѓачот

Три лица загинаа во авионска несреќа во САД

(ВИДЕО) Франција прогласи вонредна состојба во Нова Каледонија

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Нова драма во САД: Брод удри во мост, се излеа нафта, спасувачките служби го блокираа сообраќајот

Горан Наумовски

Волстрит порасна, но инфлацијата во САД не се намалува