Нормандскиот квартет одлучен да ја реши украинската криза

Од:

Шефовите на дипломатиите на земјите од Нормандскиот квартет – Франција, Германија, Русија и Украина, на состанокот во Париз изразија загриженост заради влошувањето на безбедносната ситуација во регионот на Донбас, на југоистокот од Украина, соопшти францускиот министер за надворешни работи Лоран Фабиус.

Министрите се состанаа во таканречениот „Нормандски формат“ за да разгледаат дали во Украина се почитува примирјето и дали се применува мировниот договор од Минск, се наведува во соопштението од состаникот, пренесуваат британските медиуми.

-Министрите потврдија дека Франција, Германија, Русија и Украина остануваат одлучни во намерата да делуваат во овој состав и да направат се што е во нивна моќ за да ја решат кризата, наведе шефот на француската дипломатија.

Состанокот во Париз се одржа зад затворени врати, а траеше не само во текот на денот, туку и во текот на работната вечера.

Спогодбата од Минск, на која се повикуваат шефовите на дипломатиите и чие исполнување го бараат, беше постигната во февруари и со неа се договори повлекување на тешкото воружување, ослободување на сите заробеници и до крајот на годината воспоставување контрола над меѓународните граници на Украина.

Би можело да ве интересира

Буданов: Ситуацијата во регионот Харков станува критична за вооружените сили на Уркаина

„Сандеј тајмс“: Камерон побарал од Доналд Трамп да го поддржи нацрт-законот за помош на Украина

(ВИДЕО) Шефовите на американската и украинската дипломатија јаделе пица во ресторан во Киев

Франција ќе достави дополнителна воена помош за Украина

Британски министер за одбрана: Лондон му дозволи на Киев да го нападне Крим со нашето оружје

Ново тело е пронајдено во урнатините на зграда во Белгород, бројот на жртви се искачи на 17