Португалскиот тренер Пауло Соуса официјално го презеде италијанскиот калчолигаш Фиорентина, соопштија од клубот од Фиренца.
44-годишниот Соуса неодамна спогодбено го раскинал договорот со швајцарски Базел за да го преземе италијанскиот клуб.
-Некои навивачи најверојатно ме памтат од Јувентус, но сега сакам да ме запаметат по добра работа во Фиорентина, им изјави Соуса на италијанските медиуми.
Португалскиот стручњак за време на тренерската кариера работеше во КПР, Свонси, Лестер, Видеотон, Макаби Тел Авив и Базел.