Индонезиските власти денеска соопштија дека е донесена одлука деновиве да се потопат уште 19 рибарски бродови, кои под странско знаме биле откриени во илегален риболов во територијалните води што и припаѓаат на оваа држава, распослана на архипелаг од 17.300 острови.
Најголем број од бродовите што ќе се потопат се од Виетнам и Тајланд.
Само годинава индонезиската морнарица открила 73 странски рибарски бродови кои ловеле без дозвола Меѓу фатените и запленетите се и 6 големи рибарски бродови што и припаѓаат на Кина.
Нивната судбина ќе зависи од судските одлуки, бидејки нивните сопственици тврдат дека ловеле во територија на морето кое Кина, еднострано, го има прогласено за своја суверена територија.
Министеката за морски ресурси и риболов на Индонезија Суѓи Пувиастути денеска повтори дека илегалните бродови ќе се потопуваат и како предупредување за другите. Основна причина за тоа е сумата од над 20 милијарди долари кои, според министерката, Индонезија годишно ги губи како последица на илегалното рибарење на странците.