Македонскиот атлетичар Ристе Пандев и вториот ден на Европските Олимписки игри во Баку постигна најдобар резултат од нашите атлетичари.
Тој трката на 200 метри ја истрча за 21 секунда и 67 стотинки и го освои вкупно седмото место и донесе најмногу поени за нашата репрезентација и вториот ден од атлетските натпревари.
Тројца македонски атлетичари на вчерашните натпревари во Баку остварија најдобри лични резултати во својата дисциплина.
Настапите во атлетика на Европските Олимписки игри во Баку беа всушност и дел од 3. лига од рамките на ЕАА во која се натпреваруваат 14 држави.
Првото место и златниот медал го освои Словачка, пред Австрија која освои сребро, додека бронзата и припадна на селекцијата на Израел. Македонија собра вкупно 143 поени и се пласира на 12.место.