Времето утре во Македонија ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд, повеќе застапени во првиот дел од денот. Ретки грмежи се можни на југот од земјава. Ќе дува умерен, а долж Повардарието повремено засилен северен ветер.
Утринската температура ќе се движи од 10 до 17, а дневната од 17 до 24 степени.
Во Скопје ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд.
Температурата ќе достигне до 21 степени.
Врнежите ќе продолжат и утре, но повеќе ќе бидат застапени во првиот дел од денот.
Од понеделник следува период на претежно стабилно време со постепен пораст на дневната тремпература.
