На страницата на Европската комисија објавен е договор на четворицата лидери на политичките партии во Македонија потпишан на 2. јуни, како и анексот на договорот кој беше потпишан вчера во Клубот на пратениците. Во него има точка 3 во која се наведува дека на 29 јуни има согласност од сите страни да се договори влада која ќе ги подготви изборите.
1. Во согласност со договорот потпишан од партиските лидери на 2 јуни, партиите се согласуваат да им дадат предност на држававните интереси и да ја потврдат својата заложба кон евроатланските процеси и демократските принципи.
2. Потврдуваат целосна посветеност кон договорот од 2 јуни.
3. Лидерите се согласуваат да ја продолжат дискусијата на 29 јуни во однос на точката 6 од договорот – организација на Влада која ќе ги подготви изборите. Кога ќе се постигне согласност за оваа точка, опозицијата ќе ја исполни својата обврска под вториот дел од 6-та точка и ќе се врати во парламентот.