Излегувањето на Грција од еврозоната може да доведе до незамисливи последици, изјави денеска германскиот вицеканцелар и министер за економија и енергетика Зигмар Габриел.
– Излегувањето на Грција од монетарниот фонд би бил фатален сигнал, изјави тој за време на собирот на Германската социјалдемократска партија во Берлин, пренесува ТАСС.
Според Габриел, во европските земји набабрува национализмот и неуспех на преговорите за Грција само би ги зајакнале тие тенденции.
– Постои закана од европска дезинтеграција, потенцира германскиот вицеканцелар.