Европската ракометна федерација (ЕХФ) ја прифати апликацијата на Металург следната сезона да настапува во Лигата на шампионите и покрај тоа што тимот од Автокоманда не обезбеди место во елитното натпреварување.
На својата официјална веб страна ЕХФ денеска ги објави имињата на екипите што во сезоната 2015/16 ќе играат во ЛШ. Македонскиот шампион Вардар е сместен во посилните две групи, а Металург е во групата тимови „неносители“.
Во првиот шешир од кој ќе произлезат А и Б групите се: Кил, Веспрем, Колдинг, Вардар, Киелце, Загреб, Барселона, ПСЖ, Рајн Некар, Кристајнштад, Целје, Бешикташ, Монпеље, Пик Сегед, Висла Плок и Флензбург.
Групите Ц и Д ќе бидат формирани од следниве екипи: Шафхаузен, Татран Прешов, Мешков Брест, Чеховски Медведи Натурхаус, Војводина, Мотор Запорожје, Порто, Баиа Маре, Металург и Скјерн.
Квалификациски турнир ќе играат: АЛПЛА Хард, Борац Бања Лука, Лимбург и Елверум.
Жрепката е на 26 јуни во Виена, кога ќе бидат познати и ривалите на македонските екипи. Во А и Б групите ќе им по осум, а во Ц и Д по шест екипи.