Пред некој ден напишав статус на фб поттикнат од веста дека ќе се прави споменик на Мајка Тереза за кој е објавен тендер и веќе, однапред се знае дека ќе чини над пет милиони евра!!!!!
Пеееееет милиони и тоа евра. Како го соопштуваат тоа како да станува збор за пет банки и тоа денари! Браво бе дечки, браво бе девојче дукадинче, браво бе министерке за некултура.
Дали сте свесни дека Мајка Тереза сега и од оној свет може да ви фрли Анатема. Да, да анатема за вашите злодела кои ги направивте и сеуште му ги правите на овој напатен народ. Аферим, ашколсум. Направивте толку зла, излајавте толку гнасотии преку вашите мобиљки, се измајтапивте со се живо и диво во оваа Недојдија и сеуште имате смелост да се мајтапите со нас!
Не можам таа информација да ја сфатам поинаку освен како мајтап со нас. И толку ли не потценувате, толку ли мислите дека сме лековерни па може да не превеслате преку река без око да ви трепне, а? Зарем не сфаќате дека веќе никој, ама баш никој не ви верува. Не ви веруваат ни вашите дома. Утре другиден и вашите деца ќе се срамат од вас Ледис енд џентлменс од (НЕ)власта.
Свесни ли сте дека не постоите веќе ниту за вашиот оФчар, свесни ли сте дека тој вас полека, но сигурно ве напушта. Веќе напишав дека газот си го даде, сега му остана само главата да ја спасува. Бидејќи не сум едуциран во Правото, денеска консултирав еден врвен Професор и го прашав дали на оФчарот може да му биде одземен пасошот, како што му беше одземен на лидерот на Опозицијата.
Одговорот беше НЕ затоа што не е покренато обвинение против него, а налог за одземање на пасош издава Истражен судија!
Е па Зврлеееее, стани од скутот на Кока кола оти и тебе ќе те почешам. Како бе Зврле по кратка постапка поведе истрага против З. Заев?! Како бе Зврле ја уважи кривичната од твојот ОФчар, оФцо една, а не знам колкуте кривични од Опозицијата ти седат некаде затурени во некоја фиока и глумиш лудило?!
Е нема да ти помине ова, лош глумец си, да си знаеш. Но, доста се занимавам со оваа багра. Да и се посветам малку на Мајка Тереза. Главното мото нејзино било да прави добро за луѓето, да се обиде колку толку да им го олесни животот. Секое утро кога се будела првата мисла која постојано и била во главата била КАКВО ДОБРО ДА НАПРАВИ ЗА ЛУЃЕТО. Тоа го мислела и таа желба ја терала да оди напред и само напред.
Таа била и сега како Светица е најголемиот Амбасадор на земјата која таа ја познаваше како Македонија, а не Недојдија. А вие бе недоквакани каква мисла носите во то главите? Знам каква. Една единствена. Како некому да подметнете, како некого да затворите, осиромашите и како што повеќе пари да исперете за …………… а бе кај ќе ви оди душата? ПЕТ МИЛИОНИ ЕВРА………….ееееееј па нормални ли сте вие?! Па тоа е последното кое би го посакала Мајка Тереза.
Целиот живот го помина во скромен, испоснички живот и вие сега сакате да ја злоупотребите со вашата ушким почит кон Неа за украдете што повеќе пари! Па малку ли ви беа овие девет години на крадење?! Толку ли го мразите овој напатен народ за кој Мајка Тереза толку се грижеше. Зарем не беше доволен оној убав, скромен , но стокмен Споменик на Мајка Тереза кој го донираше Г-динот Костовски? Или не го бива дека чинеше „само“ 60.000 марки. Или можеби не чини дека автор на тоа скромно дело е автор кој е лустриран, Томе Серафимовски? Затоа ли со краен невкус се обидувате да го скриете со вашите барокни фалш сендвичари! ПУУУУ, засрамете се.
Марин Бабиќ