Нова лидерска средба за надминување на политичката ситуација

Од:

Во Клубот на пратениците денеска попладне ќе се одржи нова лидерска средба меѓу претседателите на четирите најголеми партии за изнаоѓање на решение на актуелната политичка криза.

На средбата се очекува да присуствуваат лидерите на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски, на СДСМ Зоран Заев, на ДУИ Али Ахмети, на ДПА Мендух Тачи, како и евроамбасадорот Аиво Орав и американскиот амбасадор Џес Бејли.

Лидерите на политичките партии на 10 јуни во Брисел со посредништво на европретставници не најдоа решение за излез од политичката ситуација во која се наоѓа земјата.

Претходно, на 2 јуни во Скопје беше одржан состанок по кој еврокомесарот Јоханес Хан изјави дека на пат е постигнување договор за решавање на политичката криза во земјава и ја најави средбата во Брисел. Меѓу другото, Хан тогаш рече дека до крајот на април следната година би требало да се одржат нови предвремени парламентарни избори, да се направат измени во изборниот законик и во избирачкиот список.

Би можело да ве интересира

Апасиев нема да оди на лидерска: Ден на жалост заради двојното убиство, не средба за датум за избори

А1он

(ВИДЕО) Рокот за договор помеѓу Владата и ВМРО-ДПМНЕ е до првото гласање за отворање на Уставот

A1on

Започна лидерската средба помеѓу Ковачевски и Мицкоски

Ана Ололовска

Средба на Ковачевски и Мицкоски за уставните измени

Ана Ололовска

Следната недела средба меѓу Ковачевски и Мицкоски

Ана Ололовска

Мицкоски за евентуална лидерска: Премиерот да биде свесен за времето, непоминувањето на измените, ќе значи пад на владата

Ана Ололовска