Во Романија почнаа воени вежби на силите за брзо реагирање на НАТО

Од:

Во романскиот воен полигон Чинку во округот Брашов почнаа вежбите за теренско распоредување на штабот на силите за брзо реагирање на НАТО, во кои учествуваат над 1,000 војници од 25 земји на Алијансата, соопшти романското министерство за одбрана.

Во рамки на воените вежби, кои ќе траат до 28 јуни, за првпат команданата на заедничките сили на НАТО е префрлена од Неапол во Романија за командување со силите за брзо реагирање на Алијансата.

– Вежбите треба да демонстрираат дека НАТО се трансформира и прилагодува кон новите предизвици за безбедноста, со кои се соочуваат земјите на Алијансата, изјави командантот на заедничките сили на НАТО во Неапол адмирал Марк Фергусон, кој ќе раководи со вежбите.

Би можело да ве интересира

НАТО функционер за АНА-МПА: Северна Македонија под уставното име влезе во Алијансата

Петер Сијарто: Унгарија нема да учествува во иницијативата на НАТО за помош на Украина

Република: НАТО директно ќе влезе во војна доколку Русија премине една од двете црвени линии

Москва: Вежбите се доказ дека НАТО се подготвува за можна војна со Русија

Алаудинов: Ќе го уништиме НАТО до 2030 година

НАТО соопшти дека не ги гледа условите за поканување на Киев во Алијансата