Економист – Лондон
Речиси непознато чувство го обзема Кипар: надежта. Економијата почна да се опоравува по програмата за спас на еврозоната од 2013 година. Но, голема новина е изненадувачкиот избор во април на Мустафа Акинџи, умерен левоцентрист за претседаел на непризнаетиот Турски Кипар, на северниот дел на островот. Тоа роди нов оптимизам за сопирање на поделеноста на островот.
Откако турските војски дојдоа и го окупираа северниот дел од островот по краткиот обид на раководството на кипарските Грци да го обедини со Грција во 1974 година, многу планови за обединување се појавуваа и исчезнуваа.
Последниот беше планот на Кофи Анан, подржан од кипарските Турци, но отфрлен од кипарските Грци, точно пред Кипар да се приклучи кон Европсата унија во мај 2004 година. Последните преговори беа прекинати во октомври минатата година, откако Турција испрати истражувачки брод во водите на Кипар за да бара гас.
Изборот на Акинџи го подигна расположението. Кипарските Грци во него гледаат знак за предизвик од страна на кипарските Турци до турската Влада, која доставува државна помош и субвенции во северниот дел и таму држи 30 илјади војници. Првите средби на Акинџи и неговиот колега од грчкиот дел на Кипар, Никос Анастадијадис, минаа добро. Кипарските Грци се надеваат дека енергенсите крај бреговите на Кипар ќе ги концентрираат умовите: неодамна беше откриено наоѓалиште за гас кое е трговски исплатливо.
Одамна целта е „двозонална федерација на две заедници“, со автономија на секоја страна. За да се стигне до таму, вели висок кипарски грчки претставник, преговорите минуваат низ три фази. Прво, преговори за сериозните прашања: правила за управување, соодоветни на европското право, враќање на иселениците и замена на морално остарените гаранции за безбедноста, која на Турција и дават право за воено присуство.
Второ практично прашање е подобрување на електричната мрежа и телекомуникациските врски меѓу северот и југот, и расчистување на илјадниците противтенковски мини. И трето, јавна дипломатија, како што беше присуството минатата недела на двајцата лидери на претстава во Лимамсол, родниот град на двајцата.
Средбите минуваат низ „заморно“ тепмо, рече еден претставник. Нема крајни рокови, но двајцата лидери зборуваат за договор до крајот на годината. Тоа е оптимистички.
– Сите знаеме дека клучот е во Анкара, рече претставник на кипарските Грци. Турција можеби е послабо заинтересирана отколку претходно, освен ако овој договор не ги подгрева нејзините надежи за приклучување кон ЕУ.
Турските избори може да доведат до влегување на крајно десна партија во владата – можност од кој кипарските Грци стравуваат. Но, кипарските Грци кои се радуваат на меѓународното признание и членството во ЕУ, исто терба да го завршат својот дел од работата.
Четирисет години е долг период во кој два народи живеат разделени, истакнува друг претставник. Можеби и претерано долг.