Град оштети праски и лозја во Росоманско

Од:

Врнежите од град кои паднаа вчера попладне во Росоманско повторно направија штети врз насадите со праски и лозја, но и во нивите со градинарски култури.

– Штетите се огромни и на места изнесуваат до 100 проценти. Од невремето најмногу се погодени земјоделските култури во атарите на росоманските село Манастирец и Сирково. Претставници на општината веднаш излегоа на терен за да се утврдат штетите и да се подготви посебен извештај за последиците кои природната непогода ги остави зад себе, рече денеска градоначалникот на Росоман Стојанче Лазов, апелирајќи до земјоделците да ги пријават штетите.

Лазов нагласи дека поголемиот дел од овоштарите во Росоманско го имаат осигурано родот.

Би можело да ве интересира

Снежно невреме во Романија, над 11.000 домаќинства останаа без струја

А1он

Променливо облачно со претпладневен локален дожд

Поради невремето во Скопје на 112 повеќе пријави за паднати дрвја, скинати кабли на ЕВН и оштетување на приватна сопственост

Невреме со силен ветер во Скопје – паднати кровови од згради во Чаир и во Ѓорче Петров

А1он

Силно невреме со град ја погоди Словенија

Велешките пожарникари извлекле мајка и дете од автомобил на поплавена улица