Во натпревар од 2.коло од Ц групата на Копа Америка, репрезентацијата на Колумбија го победи Бразил со 1:0.
Стрелец на победничкиот погодок за Колумбијците беше Џејсон Фабијан Муриљо во 36.минута.
По завршувањето на натпреварот, поради неспортско однесување надвор од теренот црвени картони добија Нејмар (Бразил) и Карлос Бака (Колумбија).
Вечерва се игра вториот дуел од оваа група, во него Перу ќе се бори за првите бодови, додека Венецуела со позитивен резултат ќе избие на чело на табелата.
Табела: Венецуела 3 бода (натпревар помалку), Бразил 3, Колумбија 3, Перу 0 (натпревар помалку).