Меџити: „Вистината за Македонија“ не подразбира намерно искривување на вистината за политички потреби

Од:

Објавувањето на приватните разговори, личните внатрепартиски проценки, како и евентуална клевета не и помагаат на демократијата во Македонија и не се од јавен интерес, спротивно, „Вистината за Македонија” треба да е спроведувањето на договорот од 2 јуни и ставање на националните интереси пред партиските.

Ова во изјава за медиумите го порача заменик-претседателот на ДУИ Изет Меџити, одговорајќи на прашање во врска со вчерашната прес- конференција на лидерот на СДСМ, Зоран Заев на која објави „бомби“ за прислушувани разговори на дел од раководството на ДУИ, вклучувајќи го и лидерот Али Ахмети.

– Али Ахмети и сите до него, што сме дел од ДУИ, бевме првите што побаравме објавување на било какво прислушување за малверзации од финкционерите на ДУИ. Али Ахмети и сите ние рековме исто така дека нема да биде никој кривично гонет, ниту за прислушкувањето кое ни е извршено ниту пак за објавувањето. Но, тоа не подразбира намерно искривување на вистината за политички потреби и за креирање на омилено јавно мислење, рече Меџити.

Ова канцеларија пред нас во Т.Ц Мавровкка, додаде, е имот на ДУИ.

– Тенденцијата за презентирање на напорите на претседателот Ахмети за продажба на партискиот имот како кривично дело за корупција, носи сомнежи дека „Вистината за Македонија”, не е во прислушкуваните разговори, туку во презентирањето и тенденциозните талкувања. Овие документи кои ви ги презентирам покажуваат дека овој објект е во сопственост на ДУИ кој за жал никогаш не беше ставена во служба на партијата и затоа решивме да го продадеме, па со средствата да обезбедиме мали канцеларии за ограноците на ДУИ. Бизнисменот споменат во нелегалното прислушување како потенцијален купувач е Фатмир Моладаути, рече Меџити.

Тврдиме, нагласи, дека наводните злосторсва и вчерашните обвинувања постојат само во најавите на прислушкувањата, а не во слушнатите разговори.

– ДУИ останува на ставот да се објаватат сите евентуални материјали за наводна злоупотреба на власта, но бара да не се прави намерно погрешно толкување за да се доведе во заблуда јавноста, прецизира Меџити.

Би можело да ве интересира

Ахмети: Поддржуваме една изборна единица и отворени листи, за техничката влада потребни консултации со ЕУ и САД

Горан Наумовски

Потврда од ДУИ – Али Ахмети ќе учествува на утрешната лидерска средба

А1он

Нема договор ниту „Бадентер“ за Законот за прекршоци за да почне Сејф сити

ДУИ: Институционална одговорност e потребна по верскиот обред на полицијата

Горан Наумовски

ДУИ: Со Балансерот имаше застапеност, со ВРЕДИ има маргинализација

ВИДЕО: Отпуштените службеници од ДУИ имале и кревети во канцеларијата, објави Стоилковиќ